Трагедија во Нигерија: Експлодираше цистерна - 94 лица загинаа

 


Најмалку 94 лица загинаа во северна Нигерија кога експлодираше цистерна со гориво што учествуваше во несреќата.

Мештаните се собрале околу излетаното возило за да наточат гориво, по што дошло до детонација, пишува CNN.

„Околу 23 часот и 30 минути во градот Маџија, областа на локалната самоуправа Таура во Џигава, возачот на цистерната изгубил контрола во близина на Универзитетот Кадија и цистерната експлодирала“, рече портпаролот на локалната полиција во соопштението.

Тој исто така рече дека уште 50 лица се хоспитализирани поради повреди од различен степен поради експлозијата.

16.10.2024 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега