Драма во Скопје: Тој ја нападнал неа, таа него, па и двајцата се пријавиле во полиција

 


Вчера околу 17:30 часот во СВР Скопје, 22-годишник од Скопје пријавил дека на 11.10.2024 околу 13:30 часот во неговиот дом на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 26-годишна партнерка од Скопје, која оштетила и дел од покуќнината.

Денеска во 05:00 часот и неговата партнерка пријавила дека на 09.10.2024 на подрачјето на Центар тој физички ја нападнал неа, а со нејзиниот поранешен партнер двајцата имале физичка пресметка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

15.10.2024 - 16:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега