Приведен тинејџер од Скопје: Не застанал на знак од полицијата, па нападнал полицајци
Ноќеска во 02:00 часот во с.Мралино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(19) од с.Мралино.
Приведен е затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а исто така, претходно не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
14.10.2024 - 16:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа