Возел автобус со туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај

 

„Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции денеска околу 05:00 часот на наплатната станица Романовце, кумановско запреле и извршиле контрола на автобус „мерцедес“ со словенечки национални ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Џ.Р. (42) од село Бајрамовци, дебарско, при што било утврдено дека возачот во моментот користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај“, информираат од МВР.

За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоба по член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 1.000 евра.

13.10.2024 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега