Нов земјотрес ја стресе Македонија

 

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала, вечерва е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово и Србија.

Според информациите на ЕМСЦ земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на 9 километри од Врање.

Претходно утрово, земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Србија, а беше почувствуван и во Македонија и во Бугарија.

13.10.2024 - 22:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега