Париз ги повикува Загреб и Белград да го следат француско-германскиот модел на помирување

 

Францускиот министер за европски прашања Тјери Репантен ги повика денеска Хрватска и Србија, да го следат француско-германскиот модел на меѓусебно помирување. 

Репантен го упати повикот за време на неговата посета на Загреб, заедно со германскиот колега Михаел Линк.

- Нашата заедничка посета има симболично значење за две земји, кои во минатото биле во конфликт и кои денес работат рака под рака, изјави францускиот министер, откако заедно со Линк го посетија Француско-германското училиште во Загреб.

Тој додаде дека „Хрватска исто така може да одигра слична улога на Балканот, на пример со Србија, за конечно воспоставување мир во регионот, кој неодамна беше зафатен од војни“.

Репантен и Линк го посетија Загреб неколку недели пред приемот на Хрватска во ЕУ на 1 јули. Тие ќе разговараат со хрватските лидери за европската иднина на земјата, како и за соработката на Загреб со другите држави од Балканот, кои исто така имаат европска перспектива.

најчитано сега