Протести во Ново Село: Не сакаат нова Леарница
Од еколошката организација „Здрава Котлина“ на својот фејсбук-профил повикаа на протест против Леарницата која се гради во општина Ново Село.
„Протестот ќе се одржи во петок 11ти октомври 2024, со почеток во 11:00 пред зградата на општина Ново Село. Со ова почнуваме серија на протести и блокади до конечно запирање на лудиот проект за леарница во општина Ново Село! НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ЛЕАРНИЦА НА АЛУМИНИУМ ДА ОПЕРИРА ДО РЕКАТА И ИЗВОРИТЕ ЗА ВОДА НА НОВО СЕЛО“, велат тие во објавата.
09.10.2024 - 10:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа