Парите од Орбан следната недела ќе легнат на сметката на Финансии

 

Парите од договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка што денеска во Будимпешта во име на Владата, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, се очекува наредната недела да легнат на девизната сметка на Министерството за финансии.

Таа во Тема на денот на Сител, од Будимпешта повтори дека станува збор за кредит од 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 проценти, со период на отплата од 15 години, односно вклучен грејс период од три години. Тие ќе влезат како средства во буџетот, од каде 250 милиони евра ќе бидат насочени кон Развојната банка, а таа преку комерцијалните банки ќе ги пласира на приватниот сектор за инвестиции, а останатите 250 милиони евра ќе останат во Буџетот и ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти, односно за финансирање на проектите на општините.

-Ние денес го искористивме моментот да поразговараме и околу пополнување на дополнителни документи за да се изврши исплатата. Очекувам во четврток кога ќе бидеме вратени назад во Македонија да ги испечатираме тие документи и да ги проследиме до Унгарската банка и во текот на следната недела средствата да бидат префрлени на девизната сметка на Министерството за финансии, рече Димитриеска-Кочоска, прашана кога треба да стигнат парите на државната сметка.

 

 

08.10.2024 - 21:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега