Серија апсења во Македонија - повеќето приведени се тинејџери

 


Полицијата во текот на вчерашниот ден апсеше на повеќе локации во државава при што приведени се осум лица од кои повеќето се тинејџери и малолетници.

Денеска во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(20) затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Н.(29) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. 

Вчера во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Т.(18), Д.В.(26) и М.П.(25), сите од Велес, затоа што при преглед во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Д.Т., во кое се превезувале и другите две лица, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Љ.(18) и еден малолетник, двајцата од Скопје, затоа што во нивна близина била пронајдена и одземена марихуана. 

Вчера во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(18) од с.Ново село, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

07.10.2024 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега