Подгответе се за зимско сметање на времето - стрелките на часовникот одат еден час назад

 


Наскоро почнува зимското сметање на времето.

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 27 октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година.

Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.

07.10.2024 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега