Изгаснат пожарот во подрумот на зградата на општина Тетово

 

Неколку часа траеше гаснењето на пожар што избувна вчера во подрумските простории на зградата на Општина Тетово.  Пожарот почнал околу 15 часот и 15 минути вчера, а е изгаснат за неколку часа од страна на пожарникари. 

-Интервенирано беше со четири возила и 12 пожарникари, информираше Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Од огнот изгорел складиран изборен материјал од изминатите изборни процеси

07.10.2024 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега