Грчките синдикати прогласија национален штрајк

Синикатите на Грција прогласија национален штрајк и серија протести поради граѓанската мобилизација што ја најави Владата.

Синдикатот на држаните службеници АДЕДИ одлучи утре да организира национален штрајк. Заедно со синдикатот на вработените во приватниот сектор ГСЕЕ ќе учествуваат во четиричасовните протести в четврток.

За утре во 10 часот и 30 минути по локално време планирана е протест во Атина.

АДЕДИ ги повика државните службеници и граѓаните да се вклучат на протестот пред зградата на Парламентот денеска во 19 часот. Демонстрации ќе има во Солун, Патра и други градови.

Претходно грчката Влада, предводена од конзервативците, воведува цивилна мобилиација за наставниците за да ги спречи со штрајк да го нарушат оддржувањето на приемните испити на факултетите, што ќе се оддржат од 17 до 31 мај.

Владата третпат годинава Владата презема таква мерка, што е предвидена во случај на природна катастрофа или национална криза. 

Портпаролот на Владата Симос Кедикоглу изјави дека Владата ја донела одлуката затоа што е тоа нејзина „морална обврска“. 

Синдикатите на наставниците планираа на 17 мај да почнат штрајк со почитување на минимум од процесот на работа. Тие се незадоволни од воведувањето на подолго работно време и недоброволно преместување на наставниот кадар.

Владата почна да врачува наредби за цивилна мобилизација за околу 85.000 наставници, што стапува во сила во среда на 15 мај.

најчитано сега