Избувна пожар во куќа во Инџиково, скопско
Вчера во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Инџиково, скопско, во близина на стадионот „Борис Трајковски“, настанал пожар во куќа и помошен објект, сопственост на Ј.Р. од Скопје.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, информираа од полицијата.
23.07.2025 - 17:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа