Кедев го искачи врвот Шишапангма во Кина, ова му е 12 врв над 8000 метри
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев оствари уште еден голем успех откако го искачи врвот Шишапангма во Кина. Станува збор за врв кој е висок 8.027 метри и се наоѓа во Тибет.
Организаторот на турата ги објави членовите на екипата која го искачила врвот, а помеѓу нив е и Кедев. Тимот покрај Кедев бил составен од седуммина Непалци, Американец, Јапонец и Пакистанец.
За Кедев ова е 12. врв над 8.000 метри, а годинава ги искачи Макалу, Лоце и Гашербрум 2. Како предизвик пред него остануваат само уште врвовите Кангченѕунга (8.586 метри) и Гашербрум 1 (8.068) за да ги комплетира сите врвови во светот со над 8.000 метри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа