Малолетник со тешки повреди итно пренесен во болница


Завчера во 17.03 часот во Полициската станица Делчево, од Итна медицинска помош Делчево било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Делчево.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите од остар предмет додека работел во дворно место од куќа во Делчево.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

04.10.2024 - 16:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега