Го силувале со шише, па му го скршиле черепот
Дваесет и едно годишно момче брутално е претепано во рускиот град Волоград, а неговите другари го оставиле да умре откако во пијана состојба му рекле дека е хомосексуалец. Тој бил силуван со шише пиво, а потоа му бил скршен черепот изјавила Наталија Кунитскаја во името на детективите кои работат на овој случај. Поранешниот школски другар на жртвата и уште еден човек се уапсени по обвинувањата за убиство, кое се случило во петокот. Жртвата вечерта конзумирала алкохол со уште двајца напаѓачи кои имале 22 и 27 години, по повод прославата на Денот на победата. Кога им рекол дека е геј тие почнале да го тепаат.
Еден од осомничените признал дека тој и уште една лочност имале намера да ја малтретираат жртвата. Истражителите наведоа дека жртвата имала толку тешки повреди, вклучително и на гениталиите, што биле речини невозможно да биде идентификуван. Засега неговото име не е објавено. Хомосексуалците во Русија се на мета на големите друштвени осуди и притисоци на владата. Рускиот парламент изгласа претходно оваа година забрана за „хомосексуалните пропаганди“.