Левица го блокира на новиот заменик-директор на Царина од ЗНАМ

 

Пратеничката група на Левица поднесе над 2 500 амандмани на Закон за царинска управа, со кој се предвидува освен директорот и заменикот, да има дополнителен втор заменик.
 
„Скандалозно и вон сите етички норми, е тоа што мнозинството измислува функции за кадрите на ЗНАМ, со што се нарушува работата на царинската управа и се удира директно по парите на граѓаните.
 
Клептоманската коалиција во овие први 100 дена од нивното владеење покажа слух само за зголемувањето на привилегиите на своите функционери. Затоа сега имаме ред нови министерства и позиции кои ќе служат за канализирање на државните пари во партиските кеси“, стои во реакцијата на Левица испратена утрово до медиумите.

 

26.09.2024 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега