Две лица ќе одговараат за убиството на Данка Илиќ

Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ (2) во селото Бањско Поље кај Бор, јавува  Нова.рс.

Двајцата се обвинети дека со автомобил на јавното комунално претпријатие „Водовод“ удриле девојче,  а потоа ја задавиле и ѝ го сокриле телото на позната локација.

Понатамошната истрага утврдила дека Дејан Драгијевиќ по злосторството го префрлил телото на девојчето на неколку локации, но до ден денес тоа не е пронајдено. Иако првично го признаа делото, двајцата осомничени во обвинителството негираа дека сето тоа се случило и рекоа дека морале да признаат под притисок 

Случајот на Данка Илиќ  првпат во Србија го активира системот „Најди ме“.

24.09.2024 - 10:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега