Планирајте си со време - денеска посебен сообраќаен режим во Скопје поради претседателката на Парламентот на Албанија

Денеска (23.09.2024) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Парламентот на Р. Албанија, г-ѓа Елиса Спиропали.

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. 

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

23.09.2024 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега