Шпанската полиција заплени уште 12 тони хашиш, по рекордните 52 тона од почетокот на месецот

 

Шпанската полиција соопшти дека запленила приближно 12 тона хашиш во индустриска зона во близина на Кордоба, во јужниот дел на земјата.

На истото место на почетокот на месецот беа запленети 52 тони од овој наркотик, што е рекордно количество за Шпанија и Европа, пренесоа француските медиуми.

-Наркотикот имаше слични карактеристики со дрогата што беше откриена на почетокот на месецот во склад од истаата индустриска зона. Вкупното количество запленети наркотици надминуваат 64 тони, се наведува во соопштението на полицијата, во која двете одделни заплени се претставуваат во рамки на една иста операција.

Досега најголемо запленето количество хашиш во Шпанија беше 36 тони во 1996 година во пристаништето Марин, во Галисија, во североисточна Шпанија.

Шпанија се смета за дистрибутивен центар за наркотиците во Европа. Со излез кон Атлантскиот океан и во соседство со Мароко преку Гибралтарскиот проток, таа е главниот влез за товарите со наркотици од Африка и Латинска Америка и го држи европскиот рекорд во запленување на кокаин и хашиш, забележуваат француските медиуми. 

најчитано сега