Паднале потписи со единствената фирма која конкурирала на повикот за компресорска станица
Паднале потписи на договорот со единствената фирма која конкурирала на тендерот, распишан вторпат, за изградба на нова компресорска станица.
Првиот човек на здравство е дециден дека следната година во јануари ќе имаме целосно функционални хирушки сали. Дотогаш, проблемот со смрдеата, која предизвика хаос на клиниките во мај годинава, ќе се решава со надворешни компресори.
„Компанијата е сериозна, професионална за оваа работа и се надевам дека, според нив, за четири месеци целиот зафат ќе биде завршен. Договорот го потпишавме завчера рече Арбен Таравари, министер за здравство.“
Тече рокот за жалби за фирмата која за 500 илјади евра за четири месеци треба да си ја заврши работата, а со тоа салите во Клиничкиот центар да прекинат да работат со намален интензитет.
„Ако има жалба во меѓувреме, меѓутоа мислам дека е нешто по брза постапка. Не знам дали би се жалел некој којшто не се пријавени на три повици. Меѓутоа и ако се жалат мислам дека не е нешто добронамерно“, истакна Таравари.
Што смрдеше во мај, за што сите хирушки сали завршија под клуч, се уште не се знае. На надлежните во обвинителството им треба уште време за истражување за да заклучат дали е направено кривично дело во овој случај, а претходникот на Таравари, тогаш најави дека во Германија ќе испрати примероци за анализи во Германија, но каков е исходот за нив јавноста не дозна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа