Го однеле во полиција оти украл 260.000 денари, па ја искршил вратата од станицата

Одделението за внатрешни работи-Дебар поднесе кривична пријава против Ќ.М.(22) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Тешка кражба“ и „Оштетување туѓи предмети“. 

- На 12 овој месец, искористил поволна прилика и од продажен објект лоциран на улицата „Амди Леши“ во Дебар, бесправно одзел паричник со документи и пари во разни валути во вкупна вредност од 258.300 денари, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Лицето набрзо било приведено од полициските службеници а во полициската станица насилно се однесувал, оштетувајќи го стакло од влезната врата.

17.09.2024 - 17:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега