Дипломатски гаф: Бугарскиот амбасадор во Македонија одби да ја прими протестната нота

 

Новоименуваниот бугарски амбасадор Радуков, одби да ја земе протестната нота од Скопје. По инцидентот со македонското знаме во Софија, денеска во МНР беше повикан новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава Желјазко Радуков, побарано е извинување, а бугарскиот амбасадор одбил да го земе демаршот од Скопје. 

- Беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна. - велат од МНР.

Во разговорот со бугарскиот амбасадор беше потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата Претседатели поминале во пријателска атмосфера

16.09.2024 - 19:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега