Поплавите во Чешка однесоа животи: Пронајдена првата жртва, седум лица исчезнати
Поплавите во Чешка ја однесоа првата жртва, жената што се удави во реката Красовка кај селото Крашов, во областа Брунтал, а седум лица се водат за исчезнати.
„Местото беше отсечено од многу силна струја на водата, но полицијата работи на самото место“, изјавила портпаролката на полицијата, Соња Штетинска, а пренесува порталот Idnes.cz.
Шефот на полицијата, Мартин Вондрашек, изјави дека седум лица се водат за исчезнати, три повеќе отколку во неделата.
16.09.2024 - 13:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа