Битолската полиција приведе пиромани: Пет кривични пријави за предизвикување пожари

 

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице по член 288 од КЗ за пожари предизвикани во периодот од 15.06.2024 до 10.09.2024 година. Поднесена е кривична пријава против Ѓ.Д. (70) од Битола, заради постоење на основи на сомнение дека тој на 29.07.2024 запалил оган во нива, негова сопственост, во атарот на село Братиндол, битолско, со цел да уништи инсекти. Поради ветрот пожарот се проширил и во соседните ниви, по што бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола.

Поднесена е кривична пријава поради основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ. Поднесена е кривична пријава против Т.И.(27) од с.Кременица,битолско, заради постоење на основи на сомнение дека тој на 04.09.2024 запалил стрниште во атарот на село Кременица, битолско и со тоа сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ.

Поднесена е кривична пријава против правно лице по чл. 288 ст.5 бидејќи на 03.08.2024 околу 17.55 часот во с. Стрежево, битолско, од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја. Поднесена е кривична пријава против Р.Р.(58), со привремен престој во Битола, заради тоа што на 04.08.2024 запалил плевна во с. Црнеец,битолско, а потоа огнот се проширил и во околината каде горела сува трева. Поради основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ, поднесена е кривична пријава.

 Исто така, поднесена е кривична пријава и против П.Б. (46) од Битола, заради основано сомнение дека пријавениот на 04.08.2024 околу 20 часот во с. Лопатица, битолско, на место викано „Белан атар“ запалил скара во близината на неговото лозје и истата ја оставил неизгасена, со што предизвикал пожар односно сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност “, предвидено и казниво по чл. 288 ст.1, од КЗ.

14.09.2024 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега