Мега измама: Мамел на покер и осови 9,2 милиони евра

 

 

Прочуениот покераш Фил Ајви ја уочил грешката во шарата на поедини карти и тоа го искористил за да три дена по ред добие милионска сума. Тој играл во британскиот клуб „Krofkords“, каде што добил 9,2 милиони евра. Казиното го обвинува човекот кој го нарекува Тајгер Вудс во покер, дека ги уочил ситните грешки во печатењето и сечењето на шпиловите, нешто кое што му помогнало да ги чита картите. Ајви тврди дека не направил ништо илегално, односно дека го обвинил казиното и го дал на суд во Лондон барајќи да му ги исплати парите. 

Имено шарата на поедини карти за играње во казиното мора да бидат симетрични за да изгледаат идентично кога ќе се свртат за 180 степени. Но, шпиловите кои ги користи „Krokfords“ биле исечени погрешно. Така што краевите имаат аисметрична шара. Британското казино, кое инаку е во сопственост на голема малезиска група, тврди дека токму Ајви тоа го искористил и на тој начин ги ограбил играјќи кај нив минатата година во август три ноќи по ред. 

Во казиното Ајви се појавил со една Кинескиња, за која подоцна се испоставило дека во 2011 година била исфрлена од две светски казина, затоа што со измама земала околу милион долари. 

Тој и неговата партнерка, и двајцата од Лас Вегас, играле „punto banko“, игра која играчот и банкарот се натпреваруваат за подобар резултат, а поголемиот ги дели картите. Но, и двајцата биле сами, па играле против куќата. 

На почетокот Ајви вложувал 60,000 евра по рака, за да подоцна добие дозвола од менаџментот да подигне улог на околу 180,000 евра. 

 

Му требале деветки или осмици, а можело и седмици и шестки. Кога куќата ќе извадела некоја од тие карти, Кинескињата побара да ги сврти за 180 степени, говорејќи дека нејзиниот партнер е суеверен. 

 

После картите биле враќани во шпилот и било лесно да се препознаат, во прилика на секоја следна рака. 

Во почетокот Ајви изгубил речиси 600,000 евра, но подоцна се опоравил, па на крајот на првата ноќ добил 2,7 милиони евра. На крајот на секоја партија успеал да ги убеди вработените од казиното да не ги уништуваат шпиловите карти, со кои игра. Така истите карти го чекале и наредните два дена. Казиното на почетокот се согласило да му уплати пари на неговата сметка, но девет месеци подоцна, на неговото конто легнале само милион фунти. 

 

 

 

најчитано сега