Загина газда на синџир аптеки во синоќешната сообраќајка на патот Гостивар-Кичево
Во синоќешната сообраќајка на патот Гостивар Кичево загина газда на синџир аптеки.
Тургај Ризванче, сопственик на синџирот аптеки Ризванче и Бекир Хоп, сопственик на сервис за часовници во Гостивар, се двете жртви во трагичната несреќа што се случи во четвртокот вечерта на автопатот Гостивар – Кичево, објави порталот Гостивар Сот.
Возачот на возилото марка БМВ Бекир Хоп починал на местото на настанот, додека другиот сопатник Тургај Ризванче не ги преживеал повредите и починал во гостиварската болница. Жртвите биле пријатели.
Возачот на возилото марка БМВ Бекир Хоп починал на местото на настанот, додека другиот сопатник Тургај Ризванче не ги преживеал повредите и починал во гостиварската болница. Жртвите биле пријатели.
Синоќа во 21:20 часот во СПБ Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со регистерски ознаки на Демир Капија управувано од Б.Х. (54) од Гостивар и камион трактор „Сканија“ со косовски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(60) од Косово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа