Милошоски на средба со Шпиц: Германија ја поддржува Македонија на европскиот пат
Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски оствари работна средба со д - р Марк Шпиц, државен секретар за федерални, меѓународни работи и медиумска политика на Северна Рајна Вестфалија.
На средбата се разменија мислења околу процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија и можностите за продлабочување на традиционално добрата соработка на билатерален план.
Соговорниците разговараа за можностите за надминување на предизвиците со кои се соочува нашата земја на стартот на преговорите за полноправно членство во Унијата, при што посебно беше нагласено значењето од интегрирање на земјите од овој регион во Европската Унија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа