Бритни Спирс боледува од социјална фобија

Бритни Спирс призна во документарецот „I Am Britney Jean“ дека боледува од социјална фобија. Се работи за страв од средби со непознати луѓе или од некои социјални ситуации.

Бритни Спирс која во 2008 година доживеа нервен слом, рече дека отсекогаш била многу срамежлива.

- Кога сум на сцена, се претворам во друга личност. Тоа е мојата друга личност. Биполарно нарушување, изјави Бритни.

- Не сум целосно создадена за оваа индустрија затоа што сум срамежлива. Со тоа не се носам воопшто добро, додаде таа. 

23.12.2013 - 14:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа