Манипулација или ненамерна грешка - Заев излажа за вредноста на неговиот имот

Првиот опозициски човек Зоран Заев на вчерашните вечерни вести на МТВ говореше од позицијата Претседател на СДСМ каде изјави дека за дел од мерките во програмата, ставовите и неговата имотна состојба. Струмичанецот истакна дека неговиот имот приближно не наведувајќи точна сума изнесувал од 60.000 до 80.000 евра. 

-Тоа е моето семејство, мојот анкетен лист е реално достапен на јавноста. Мојот имот лично заедно со возилата мои и на сопругата вреди некои 60-70-80 илјади евра. Јас сум транспарентен политичар и реално она што со мојот работен век од некои 17 години го имам создадено и секако моето семејство, вели Заев во вчерашното гостување на МТВ.

Проблем настанува што вредноста која ја истакна претседателот на СДСМ Заев не коренсподира, односно не е ни блиску до онаа која е наведена во анкетниот лист кој го има доставено до Антикорупциската комисија. Тој пријавил вредност на имотот во висина од 46.502 милиони денари, односно 758,597 илјади евра. 

Останува нејасно дали Зоран Заев направи ненамерна грешка или сакаше да ја изманипулира јавноста и да се претстави како човек кој е дел од средната класа во Македонија.

23.12.2013 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега