Трогателно: И по својата смрт, го изненади семејствотo со незаборавен Божиќ

Бренда Шмиц, сопруга и мајка на четири момчиња, почина во септември 2011 година, кога ја изгуби борбата со ракот на јајници во четврт стадиум.

Меѓутоа, еден месец пред да почине, Бренда напишала писмо до радио станицата „Стар“ и замолила пријател писмото да го испрати дури кога нејзиниот сопруг Дејвид повторно ќе се вљуби.

Екипата од програмата го повикала Дејвид во емисијата, која секој Божик викаат некој свој слушател, а тој бил многу изненаден кога дознал дека за него имаат писмо од починатата сопруга.

- Кога ќе го примиш ова писмо, јас најверојатно веќе ќе ја изгубам борбата со ракот. Му реков на еден пријател, еднаш кога ќе ме преболиш и ќе продолжиш со животот, да го испрати ова писмо до тебе и до сите во радио станицата.

Првата нејзина желба бил платен третман во еден спа ресорт за новата жена на Дејвид, Џејн, кој ја запознал во вгуст 2012 година.

- Го заслужува тоа затоа што ќе стане маќеа на сите тие момчиња. Нека биде насмеана и нека знае дека сум благодарна за сите нејзини напори, напиша Бренда.

Побара и „волшебно патување“ за целото семејство и на крајот платен провод во градот за лекарите од болницата Mercy Medical Hospital, кои за неа се грижеле кога била болна.

Покрај писмото со желби, напишала и посебно писмо за Џејн, а сите три желби радио станицата ги исполнила со помош на локални спонзори, кои семејството го испрати на патување во Дизниворлд.

- Сите во собата плачевме кога го добивме писмото. Не натера да направиме нешто за неа, раскажа Ален.

23.12.2013 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега