Се истражува смртта на седумте бебиња кои починаа по примање на вакцина

 

Кинеските здрвствени власти ги истражуваат околностите, кои доведоа до смртта на седум новороденчиња, кои починаа по добивање на вакцината против хепатит Б.

Четири деца по добивањето на вакцината против хепатит Б починаа во јужната провинција Гуангдонг, а останатите три случаи се случиле во провинциите Хунан и Сичуан.

Весникот „Чајна дејли“ пишува дека на сите болници, кои ги користеле вакцините на произведувачот БиоКангтаи, со седиште во Шенжен во провинцијата Гуангдонг, им е наложено да ги повлечат од употреба додека трае истрагата на Министерството за здравство.

Кина изминатите години ја потресуваат скандали во врска со безбедноста на производите. Во мај 2008 година најмалку шест деца починаа по конзумирање млеко контаминирано со индустриската хемикалија, меламин.

23.12.2013 - 14:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега