Средба Филков - Филипиду: Грција е наш поддржувач на патот кон ЕУ
Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со амбасадорката на Грција во нашата земја, Софија Филипиду на која се дискутираше за одличната билатерална соработка која ја имаме во изминатиот период во различни области.
Се разговараше за реформите во правосудството , владеењето на правото, како и соработката на Академиите за судии и јавни обвинители на двете држави што ќе биде од големо значење за приближување на нашето со европското законодавство.
Грција ги подржува европските аспирации на Република Северна Македонија и се подготвени да обезбедат стручна помош за олеснување на процесот преку организирање на работилници, официјални посети и средби на експертско ниво.
Очекувањата се да се интензивираат на напорите за целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа од страна на двете држави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа