Околу 50 отсто од децата во Бугарија не знаат бугарски

Според професорот Петар Иванов од Центарот за демографска политика во Варна, бугарскиот не е мајчин јазик за 50 отсто од новородените деца во Бугарија.

„Според нашето истражување населението во Бугарија се топи со по осум лица на ден. Тоа е најбрзото темпо на изчезнување на некое население во светот. За 50 отсто од новородените бугарскиот не е веќе мајчин јазик, но етничката структура е неудобна тема за бугарските политичари“,изјавил Иванов.

Оваа година во Буагрија се родени 53.000 бебиња, што е помалку за околу 16.000 новороденчиња од минатата, а според статистиката на професорот 30.000 од нив бугарскиот не е основен јазик.

 

„Од 9 милиони останавме само 6,98 милиони жители во Бугарија, а според прогнозите на Светската банка до 2050 година ќе се стопиме на околу 4 милиони жители“, вели тој.

23.12.2013 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега