Зеленски: Украина нема доволно системи за ПВО за да го одбие секој руски напад

 


Украина има системи за противвоздушна одбрана, но тие не се доволни за да се одбие секој руски напад, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на 50. меѓународен форум Амброзети во Италија.

– Го цениме секој чекор на поддршка за Украина, секоја акција и секое покажување на солидарност од нашите партнери ширум светот кои ни помагаат да ја вратиме безбедноста и да го доближиме мирот. Украинците сакаат оваа војна да заврши повеќе од кој било друг во светот. Руската агресија не ни остава друг избор освен да се бориме и да ги браниме нашите животи. Имаме системи за противвоздушна одбрана, но тоа не е доволно за да ја обезбедиме целата наша територија и да го одбиеме секој руски напад, рече Зеленски.

Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин „се обидува да ја уништи Украина и прави се за да и го одземе суверенитетот“, пренесе Укринформ.

06.09.2024 - 23:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега