Силно невреме во Хрватска: Огромни количини дожд и откорнати дрвја
Невреме синоќа ја погоди Далмација.
Околу полноќ невреме проследено со грмежи го зафати поширокото сплитско подрачје, а ветерот достигна брзина од 80 км/ч.
Според тамошните медиуми, ветерот корнел дрвја.
Како што јави „Далмација данас“, ветерот соборил дрво во „Каштел Лукшиќ“, но гранките се заглавиле на блиската зграда, па автомобилите долу не биле оштетени.
До 3 часот наутро најмногу дожд наврнал на задарскиот архипелаг – 108 литри на квадратен метар, што е повеќе од месечниот просек.
Обилните врнежи предизвикаа порои, а на улиците се слеваа потоци од планината Козјак. Свлечиште имало на неколку патни правци.
Невремето донесе и град во областа Шибеник, а температурите значително се намалија.
И за денеска е најавено невреме речиси во целата држава, но за викенд времето треба да се стабилизира.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа