Место во Куманово завршил во Велес – густата магла му направила проблем на скопјанец

Жител од Тафталиџе 2 С.И. поради густата магла го згрешил патот за Куманово, каде требал да се појави кај пријател на закажаната предновогодишна забава, па завршил во Велес, пренесува Кукурику.мк.

 

„Навистина човек да е без ориентација ако нема доволна видливост. Да ги прочитав наплатните картички, ќе се вратев назад уште кај Петровец. Но дури кога дојдов до Велес укапирав дека сум во погрешен град. Застанав на Макпетрол и слатко се изнасмеав. По пат за Куманово, другарот, преку мобилен ми беше навигатор, чисто на шега. Ама ни тоа не ми успеа. Дојдов до наплатната на Петровец и тука пукнав од смеа. Се вратив дома“, вели С.И. 

23.12.2013 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега