Доделување на наградата Претприемач на годината 2013

По седми пат вечерва во Скопје ќе биде доделена наградата „Претприемач на годината“. Наградите се наменети за успешните претприемачи од микро и малите претпријатија.

Изборот се темели на податоци за микро и мали претпријатија на територијата на Македонија, што Координативното тело на „Претприемач на годината“ ги добива од Централниот регистар на Република Македонија.  За најдобри микро и мали претприемачи се сметаат оние кои во последните три години од работењето го зголемиле бројот на вработените, имаат постојан раст на приходите и добивката, како и раст на инвестициите.

Престижната манифестација „Претприемач на годината“ е иницијатива на Сојузот на стопански комори. На оваа иницијатива се приклучија и Македонската развојна фондација за претпријатија, која оваа година одбележува 15 години од основањето и Стопанска комора на Северозападна Македонија.

Коорганизатор на манифестацијата е Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, а организатор и институционален покровител е Министерството за економија.

Организаторите сметаат дека истакнувањето на позитивните примери кај претприемачите може да поттикне многумина да започнат свој бизнис и на тој начин да влијаат врз развој на претприемништвото во Македонија. 

23.12.2013 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега