Уапсен е 15-годишник поради можна поврзаност со нападот во Солинген, потврди германската полиција

 

Германската полиција потврди дека уапсила 15-годишно момче во врска со нападот на фестивал во градот Солинген, јавуваат светските медиуми. 

По крвавиот настан кој се случи синоќа, главниот јавен обвинител на Дизелдорф, Маркус Касперс и шефот на локалната полиција, Маркус Рорл денеска одржаа прес-конференција, на која соопштија дека сè уште се утврдуваат мотивите за нападот и дека засега не може да се исклучи можноста дека станува збор за тероризам, пренесува „Гардијан“. 

Во нападот со нож загинаа двајца мажи на 56 и 67-годишна возраст и една жена на возраст од 56 години. Повредени се уште осум луѓе, четворица потешко. Отворена е линија за помош. Тамошните истражни органи бараат сите информации да се пријават таму наместо да ги објават на социјалните мрежи, и побара од граѓаните да избегнуваат шпекулации за случајот.

И покрај инсистирањето на новинарите полицијата да даде опис или фотографии од наводниот сторител, таа одби да го стори тоа. Не даде ниту повеќе информации за уапсениот 15 годишник. 

 

24.08.2024 - 17:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега