Во САД се измерени рекордно високи температури и до 21 степен

 Додека поголемиот дел од источна Канада е погоден од леден дожд, североистокот на САД го зафати топол бран со температури и до 21,5 степени Целзиусови.

Рекордни температури за декември беа регистрирани вчера во големите градови како Филаделфија, Њујорк, Њуарк и Њу Џерси. Во Њујорк вчера беа измерени 21,5 степени Целзиусови, што е над рекордот од 1998 година кога биле измерени 17 степени.

Во Њуарк беа измерени 21 степен, додека во Филаделфија пријатни 19,5 степени.

Обилни снежни врнежи и леден дожд вчера го нарушија воздушниот и патниот сообраќај во Канада и оставија без струја стотици илјади Канаѓани.

Во прекин беше снабдувањето со електрична енергија на околу 350.000 домаќинства во провинцијата Онтарио, каде за време на викендот врнеше леден дожд. Во провинцијата Квебек 50.000 домаќинства останаа без струја.

Во реонот на Торонто – четвртиот по големина град во Северна Америка, 250.000 домаќинства се без струја. Во наредните часови очекуваат бурни ветрови, кои можат да предизвикаат поголем прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Градоначалникот на Торонто Роб Форд изјави дека градот го зафатила најстрашната бура во неговата историја и додаде дека е можно да биде прогласена вонредна состојба. - Ако се влошат работите, ќе биде наложено да отвориме центри за итно сместување, рече градоначалникот, според кој поради тешките зимски услови многу луѓе можат да останат без затоплување. 

23.12.2013 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега