Објавена фотографија од чуварот кој уби тројца вработени во училиште во БиХ

 

Мехемед Вукалиќ, чуварот на училиштето во Сански Мост, со автоматска пушка ги застрелал директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Ниџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ.

На крајот и тој се застрелал и со тешки физички повреди бил пренесен во болницата во Бања Лука.

Како што пишуваат медиумите во БиХ, мотивот за тројното убиство е тоа што на Вукалиќ претходно му се водела дисциплинска постапка, а убиените наводно биле во комисијата која одлучувала за дисциплински мерки.

Неколку медиуми објавија фотографии од Вукалиќ, а од болницата велат дека е донесен со прострелна рана во градниот кош.

„Тој е донесен во Ургентниот центар на РСЦ на Република Српска со прострелна рана во градниот кош. Пациентот е свесен и во моментов се водат дијагностички процедури и се планира операција“, информираат Независне новине.

21.08.2024 - 17:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега