Клуге: Мајмунските сипаници не се нов коронавирус

 

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге, денеска изјави дека мајмунските сипаници, без разлика дали се работи за нов или стар вид, не се нов коронавирус, бидејќи се знае како да се контролира нивното ширење.

„Значи, дали ќе сакаме да избереме да воспоставиме системи за контрола и елиминирање на мајмунските сипаници на глобално ниво, или ќе влеземе во друг циклус на паника и занемарување“, рече Клуге на прес-конференција.

Мајмунските сипаници се вирусна инфекција која предизвикува симптоми слични на грип, но може да биде и смртоносна

20.08.2024 - 21:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега