Јетон Бучи од ДУИ е новиот директор на ЈП „Паркови и зеленило“
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која во нејзиниот мандат постојано разрешува и именува директори на јавните претпријатија, овој пат избра кадар на ДУИ за директор на ЈП „Паркови и зеленило“.
Јетон Бучи ја добил функцијата пред неколку дена, а тоа беше објавено на Фејсбук од неговата партија.
-За директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е именуван Јетон Бучи, пишува во Фејсбук страната на ДУИ.
Последниот директор на ова јавно претпријатие, Мартин Ангеловски, беше назначен на 26 јуни годинава, на 13 август е разрешен поради, како што посочија тогаш од Град Скопје, неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување.
-Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП „Паркови и зеленило“ е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела, се додава во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа