Почнаа вработувањата во фабриката на Дреклсемаер во Кавадарци

Наредната година Велес сигурно ќе ја започне со 200 невработени помалку. Толку лица во средината на јануари ќе започнат да работат во Дрекслермаер, јавува Курир

Со денешното тестирање на првите 45 апликанти започна процесот на првото групно вработување. Во Агенцијата за вработување во Велес на повикот за вработување апликации доставиле 750 лица.

-Денешниов ден е неработен, но тој треба да биде првиот работен за оние невработени кои аплицирале за вработување во Дрекслермаер. Велес за прв пат ќе почне да вработува луѓе во поголема  група и тоа на граѓани кои имаат проблеми со егзистенцијата, рече Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување.

Работодавачот не побарал исполнување на посебни услови за вработување. Жените се во предност, посебно оние кои работеле во конфекциската индустрија. За невработените тестовите биле лесни, со условите за работа  и самата работа се запознале од презентацијата,  сега очекуваат само позитивен одговор, дека го добиле работното место.

-Очекувам искрено конечно да се вработам, немам рабоно искуство, ама мислам дека лесно ќе научам и добро ќе се вклопам во работата, сакам да работам, сум аплицирал на многу конкурси ама ајде може среќата ми е во Кавадарци да работам.

-Јас сум самохрана мајка и сакам да се вработам, две години сум без работа, тешко е, сакам да бидам во тие 200 што од 15-ти јануари ќе почне со работа.

-Осум години сум невработен има завршено средно електро во Коле Неделковски, очекувам и сакам да се вработам, велат случајно анкетираните  велешани.

За локалната самоупрва ова е потврда дека економски Велес заживува. Во моментов покрај овие 200 вработувања активни се огласи за уште 65 слободни места.

-Апелирам до велешани да конкурираат за сите објавени работни места од овој проект но и од сите наредни и кон крајот на наредната година заедно да констатираме дека бројката на невработени во Велес е намалена за 10 проценти, рече Славчо Чадиев, градоначалник на Велес.

22.12.2013 - 17:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа