Кирков: Институциите да го испитаат работењето на Зоолошката, Арсовска да понесе одговорнст и оставка
Данела Арсовска е најголемото зло што му се случило на Скопје во поново време, Данела Арсовска време ти е за оставка, вели на денешната прес-конференција Стефан Кирков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Изразуваме најдлабок револт и загриженост поради катастрофалните услови во кои се држат животните во Скопската зоолошка градина, рече Кирков.
„Сите ние сме сведоци на неодамнешните трагични настани кои ги вклучуваат смртта на слоницата, жирафите, пингвините и најновиот прикривање на смртта на бизонот кој исто така е починат пред месец дена под неразјаснети околности.
Ги повикуваме надлежните институции веднаш да го испитаат работењето на директорот на Скопската зоолошка градина и на градоначалничката на Скопје. Мора да се утврди како биле третирани животните и дали биле почитувани сите закони за благосостојба на животните.
Не може да се премине преку фактот дека слоницата, најголемата атракција на зоолошката градина, тајно е носена замислете од Скопската золошка градина до скопската депонија, со намера да се сокрие нејзината смрт. Каков ум е тоа што мисли дека ќе скрие смрт на слон? Ова е чин на непочитување и отворено криминално однесување.
Ја повикуваме градоначалничката на Скопје и од неа поставениот директор Зоран Попов да пристапат одговорно кон ова злосторство врз Скопје и скопјани. Нивното срамно и неспособно раководење доведе до оваа трагична ситуација и тие мора да одговараат пред јавноста и пред законот.
Нашите граѓани заслужуваат да знаат што се случува со нивните пари и институции“, нагласи Кирков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа