Левица: СДС и ДПМНЕ изгласаа ребаланс на буџетот на Град Скопје - културните установи оставени на цедило
Ребалансот на Буџетот на Град Скопје беше заеднички изгласан од навидум двете спротивставени политички партии СДС и ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, велат од Левица.
„Во меѓувреме, Амандманот за финансиска поддршка за функционирање на културните установи, што беше поднесен од советниците на Левица, не беше изгласан ниту од ДПМНЕ, ниту од СДС!
Граѓаните на Град Скопје треба да се запознаени со ваквото лицемерие на двете политички партии кои за важни работи за функционирање во градот воопшто не гласаат, меѓутоа кога се работи за нивни потајни договори, нивната коалиција е очигледна! “, стои во соопштението од Левица.
17.07.2024 - 10:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа