Големиот пожар во неготиско се уште беснее, дејствува полициски хеликоптер, набргу ќе се приклучи и армиски
Во моментов покрај силите кои гаснат од земја на пожарот во неготинско, дејствува и еден полициски хеликоптер, а набргу ќе му се придружи и еден армиски хеликоптер, информираат од ЦУК.
Нагласуваат дека во моментов не постои директна опасност за население.
Општината Неготино испрати апел до сите што престојуваат во блиските села како Брусник, Калањево и Липа во кои трајно живеат само неколку луѓе но истите се користат како викенд населби, превентивно да заминат оттаму.
11.07.2024 - 12:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа