СДСМ му врати на Лефков: Докажете ги обвинувањата, во спротивно престанете да лажете

Драги ВМРО-ДПМНЕ, повелете докажете го обвинувањата, во спротивно престанете да лажете, му порачаа од опозициската СДСМ на Миле Лефков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој пак вчера на прес-конференција обвини дека Филипче бил брат по криминал на Заев. 
„Вие сте лоша копија на старото ВМРО-ДПМНЕ и во исто време сте обвинители, судии и политичари. Повелете докажете ги обвинувањата кои ги повторувате како папагали. Конечно престанете да глумите опозиција кога сте на власт и да се бавите со секојдневни празни соопштенија кон СДСМ. Не ве избраа за тоа граѓаните.
Владата ја наполнивте со инкриминирани кадри од Игор Јанушев до Коце Трајановски. Вие немате никаков легитимитет да зборувате за криминал и корупција, половина од членовите на вашето раководство имаат дебели криминални резимеа, од насилници до организирани криминалци. Истовремено, демонстрирате голем страв кон претседателот Венко Филипче што само ја потврдува тезата дека СДСМ се менува во правилна насока. Брзо ќе ви заврши медениот месец и ќе треба да покажете резултати од работењето, наместо да се заминавате со опозицијата“, стои во реакцијата на СДСМ.
06.07.2024 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега