Мицкоски: По 60 години Бутел 2 добива нова градинка, над 200 дечиња ќе добијат пристојни услови за живот

 

Навистина ми преставува особена чест што имам можност да го означам почетокот на градбата на новата градинка овде во Бутел 2, каде што пред изборите ветивме решавање на хаосот кој што постоеше со згрижување на дечињата во предшколската возраст, истакна премиерот Христијан Мицкоски при посетата и поставувањето на камен темелник на нова детска градинка во скопската општина Бутел.

По 60 години Бутел 2 добива нова градинка, а стариот и дотраен објект ќе биде срушен. Над 200 дечиња ќе добијат пристојни услови да го поминуваат своето детство, посочи Мицкоски.

„1800 метри квадратни ќе бидат доволни да ги задоволат барањата на оваа населба, а инвестицијата е над 100 милиони денари. Има и одредена симболика за овој објект.

Тука е мешана етничка средина, има дечиња и од македонска и од албанска национална припадност. Инвестициите во ваквата инфраструктура мора да бидат подеднакви затоа што подеднакво треба да се грижиме за решенија на проблемите кои ги засегаат сите граѓани.

Ова е време кога државата треба да прави за народот, затоа што долго време народот правеше за државата.

Македонија треба да припадне во рацете на граѓаните.

Оваа градинка ви ја ветив пред изборите и еве ме на 8миот ден од новата Влада редиме камен темелник на оваа градинка. Дарко, министерот, министрите и јас остваруваме уште едно ветување. На овој начин создаваме и си стоиме на зборот.

Образот нема цена. Исполнуваме за тебе, за сите граѓани. Нека е честито и да се сведочиме на уште многу убави работи.“, истакна премиерот Мицкоски при поставувањето камен темелник на нова детска градинка во општината Бутел.

01.07.2024 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега