Внимателно: Одрони и свлечишта на патниот правец Скопје-Тетово-Гостивар

 

Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин, информираат од ЦУК.

Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони. Од ЦУК замолуваат за стрпливост кај возачите.

ЦУК исто така апелира до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управвуват со возилата како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот. Екипите на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот.

23.06.2024 - 21:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега